Евролига: Баерн и Барса го одбранија домашниот терен, Фенербахче славеше во Милано

Баерн Минхен ја забележа 12. победа во Евролигата откако на домашен терен славеше над Макаби со 70-52. Најдобар поентер на натпреварот беше Вилбекин од редовите на гостите, но неговите 20 поени не беа доволни за славје на израелскиот тим. Кај домаќините 13 поени забележа Волден.

Домашниот терен го одбрани и Барселона која забележа победа од 86-60 над Панатинаикос. Хејс беше лидер на домаќините со 14 поени и 3 скока, додека него го следеше Ексум со 12 поени и 6 скока. Кај гостите 18 поени и 4 скока забележа Папајанис.

Фенербахче го доби гостувањето против Олимпија во Милано со 60-71 на крилјата на Гудуриќ и неговите 17 поени, 6 асистенции и 4 скока. Бентил се истакна кај домаќините со 12 поени.

Се вчитува...