ЕВРОЛИГА: Барселона и Олимпијакос го вратија „брејкот“ против Баерн односно Монако

Кошаркарите на Барселона ја вратија предноста на домашниот терен во четвртфиналната серија во Евролигата, откако успеаја да стигнат до брејк на гостувањето кај Баерн Минхен со 66-75.

По киксот кој го направија во Блауграна, овој пат избраниците на Шарунас Јасикевичиус не дозволија изненадување и стигнаа до рутинска победа. Никола Миротиќ со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Лучиќ заврши со 17. Барса со оваа победа поведе со 2-1 во серијата и веќе во петок на теренот на противникот ќе има шанса да го завери учеството на Ф4 во Белград.

До брејк и водство од 2-1 стигна и Олимпијакос кој вечерва во натпреварот број три славеше на гостувањето кај Монако во Франција со 83-87.

Се вчитува...