ЕВРОЛИГА: Барселона сигурна со Монако, Басконија го „тресна“ шампионот

Кошаркарите на Барселона стигнаа до нова победа во Евролигата откако во натпреварот од 13. коло славеа на гостувањето кај Монако со 63-69. Каталонците од самиот старт го контролираа мечот и во ниту еден момент не му дозволија на домаќинот да се врати резултатски. Никола Миротиќ со 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мајк Џејмс заврши со поен помалку.

Басконија успеа да приреди изненадување и да слави на гостувањето кај актуелниот шампион Анадолу Ефес со 78-83. Хауард и Маринковиќ ги предводеа гостите до нова победа со 19, односно 18 поени, додека кај поразените Мициќ заврши со 17 поени.

Во последниот натпревар од денешната понуда Виртус Болоња на домашен терен славеше над Алба Берлин со 85-76.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...