ЕВРОЛИГА: „Дабл-дабл“ на Мициќ недоволен за победа на Ефес против Олимпијакос, славеше и Жалгирис

Алба успеа да му го нанесе и вториот пораз на Зенит во низа откако славеше со 76-67 во Берлин. Ло ги предводеше домаќините со 14 поени и 4 асистенции, додека кај гостите Берон и Кузминскас уфрлија по 18 поени на кои Американецот додаде и 5 асистенции, додека Литванецот 5 скока.

Жалгирис славеше на гостувањето кај Монако со 82-83. Џејмс и Бакон беа лидери на домашниот тим со по 18 постигнати поени, додека Нилс постигна 15 поени за гостите на кои дополни и 5 скока.

Олимпијакос по продолженија славеше во дерби дуелот против Анадолу Ефес со 87-85. Слукас беше првото име кај грчкиот состав со 23 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека него го следеше Дорси со 19 поени. Кај гостите Плаис постигна 14 поени, додека дабл-дабл од 12 поени и 13 асистенции забележа Мициќ.

На победа се радуваше и Макаби кој успеа да ја совлада ЦСКА Москва во Тел Авив со 84-75. Вилбекин го предводеше израелскиот тим со 23 поени и 3 асистенции, додека Лунберг беше прво име кај Русите со 17 поени и 4 скока.

Оваа вечер славеше и Милано кој на домашен терен беше подобар од Басконија со 89-78. Хал ги предводеше домаќините со 15 поени, додека Кастело беше лидер на гостите со 23 поени и 4 скока.

Се вчитува...