Евролига: Еден Мициќ недоволен за победа на Ефес, Макаби го одбрани Тел Авив од Реал Мадрид

Актуелниот шампион на Евролигата, Андолу Ефес го претрпе и единаесеттиот пораз во првенството откако на домашен терен загуби од Милано со 77-83. Турскиот состав го предводеше Василије Мициќ со 27 поени и 5 асистенции, додека кај гостите Луиџи Датоме постигна 14 поени и 4 скока.

На победа се радуваше и Макаби кој по целосен пресврт во последната четвртина славеше над Реал Мадрид со 75-74. Еванс со 19 поени беше прв стрелец за домашниот тим, додека Јабусел со 14 поени и 7 скока беше прво име кај гостите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...