Евролига: Фенербахче ја „згасна“ Црвена Звезда во Истанбул

Фенербахче дојде до нова победа во Евролигата, откако на домашен терен ја совлада Црвена Звезда со 93-79. Иако првиот дел заврши само со еден поен предност за турскиот тим, клучна беше третата четвртина која ја доби домашниот тим со +8. и само мирно го приведе мечот до крај.

Мотли кај домашниот тим беше најефикасен со 25 поени, додека Магмутоглу со 20 беше втор на листата на стрелците. Кај гостите Недовиќ беше најефикасен со 17 поени.

За Фенер ова беше шеста победа во седмиот меч, додека Црвена Звезда остана само на една победа и дури шест порази и остана „закована“ на последното место на табелата.

Се вчитува...