Евролига: Химки го зеде скалпот на Реал Мадрид

Кошаркарите на Химки го приредија најголемото изненадување во петтото коло од Евролигата, откако на гостински терен го совладаа Реал Мадрид со резултат 80-86. „Кралевите“ влегоа во натпреварот со максимален ефект од четири победи во првите четири кола, но овојпат не најдоа одговор за одличниот руски тим, кој одигра беспрекорно во нападот. Химки поведе со двоцифрена разлика кон средината на втората четвртина (30-40), Реал успеа да поведе во 23. минута со 48-47, но рускиот тим повторно презеде контрола над резултатот и на крајот заслужено триумфираше. Швед го предводеше Химки со 20 поени и пет асистенции, Андерсон постигна 16, додека најдобар стрелец кај „кралевите“ повторно беше Лука Дончиќ, кој го заврши овој натпревар со 12 поени, 7 скока и три асистенции.

Басконија во петтото коло конечно ја забележа првата победа, во трилер-завршница триумфирајќи над Панатинаикос со минимални 85-84. Шпанскиот клуб на 30 секунди до крајот имаше четири поени негатива, но Грејнџер погоди тројка, потоа Шенгелиа го изблокира обиот на Папас, пред Бобуа успешно да положи за голем триумф, на само една секунда до крајот.

Европскиот првак Фенербахче благодарение на одличната игра во одбраната рутински славеше над Валенсија со 79-66. Датома со 16 и Нанали со 13 поени беа најефикасни кај турскиот гигант, додека прв стрелец при поразот на Валенсија беше Сан Еметерио со 11 поени.

Перо Антиќ поради повреда не настапи за Црвена звезда против Бамберг, а АБА-шампионот со слаба игра во нападот го претрпе првиот пораз на домашен терен во Евролигата сезонава (69-75). Германците одиграа фуриозна прва четвртина што ја добија со 18-30, а „црвено-белите“ за разлика од претходниот дуел со Макаби овојпат немаа сили за камбек. Рубит со 15 поени беше најдобар стрелец на германскиот шампион, додека кај Црвена звезда најдобар поединец беше Рочести со 22 поени.

 Even though Baskonia was down four points with 30 seconds on the clock, the home team did not give up as Granger’s three-pointer was crucial down the stretch to keep the game alive. It all came down to a final possession, where Nikos Pappas was blocked by Toko Shengelia with 10 seconds to go. Baskonia ran in transition and Beaubois’ hit the game-winning lay-up with just one second left!

Се вчитува...