ЕВРОЛИГА: „Кралевите“ паднаа во Истанбул, Реал постигна само 17 поени за едно полувреме

Со борбена дефанзива и солиден напад, кошаркарите на Фенербахче го совладаа Реал Мадрид во натпревар од Евролигата со 66:51. Турскиот тим разликата ја направи ов првата и во третата четвртина кои ги доби убедливо. Одличниот старт беше крунисан со водство од 19:8, а во втората четвртина двата тима не покажаа ништо од ефикасноста. На полувреме Реал Мадрид имаше само 17 поени, а Фенербахче 27, што го покажа катастрофалниот напад на шпанскиот претставник.

Во второто полувреме нешто поефикасна игра од двете страни. Фенербахче го доби третиот период со 21:13. Реал Мадрид се обиде да се врати, но во последната четвртина стигна само до минус 11, и не успеа да ја анулира предноста на Фенер кој дојде до 12. победа.

Таварес од Реал беше најефикасен со 14 поени, а Гудуриќ во Фенербахче постигна 12 поени.

Во вториот натпревар, Олимпија Милано во финишот успеа да го совлада составот на Жалгирис на гости со 74:70. Мечот беше решен во последните мигови. Се влезе со „егал“ 64-64, но потоа италијанскиот тим влезе во добра серија, и стигна до +7. На крајот Жалгирис само успеа да намали. Најефикасен беше Делејни од Олимпија со 20 поени.

Се вчитува...