Евролига: „Кралевите“ триумфално низ Берлин за прво место на табелата, Макаби го надигра Олимпијакос

Реал Мадрид се искачи на првото место на табелата во Евролигата откако славеше на гостувањето во Берлин против Алба со 74-89. Маодо Ло беше првото име на натпреварот со 21 поен и 5 скока, но германскиот репрезентативец не успеа да го донесе својот тим блиску до победа.

Кај гостите од Мадрид најрасположен беше Хуертел со 17 поени и 7 асистенции, додека него го следеше Порие со 13 поени и 5 скока.

На победа се радуваше и Макаби кој ја прекина серијата на порази со триумф над Олимпијакос во Тел Авив од 84-69. Хрватот Анте Жижиќ беше предводник на домаќините со 23 поени и 6 скока, додека кај гостите најрасположен беше Принтезис со 13 поени.

Се вчитува...