Евролига: „Кралот“ падна и во „Оака“, победи на Макаби и Монако

Панатинаикос му го нанесе третиот пораз на Реал Мадрид во низа откако во 33. коло славеше со 87-86 во драматична завршница. Папајанис беше лидер на грчкиот состав со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока, додека Ертел беше првото име кај гостите со 18 поени и 4 скока.

Макаби пак стигна до четвртата победа во низа откако славеше на домашен терен со убедливи 94-73 над АСВЕЛ. Анте Жижиќ беше лидер на домаќините со 24 поени и 5 скока, додека Кахуди постигна 12 поени за гостите.

На победа се радуваше и Монако кој го доби гостувањето кај Милано со 63-72. Шилдс беше првото име кај италијанскиот тим со 22 поени и 5 асистенции, додека Џејмс ги водеше гостите до триумф со 19 поени и 8 асистенции.

Се вчитува...