ЕВРОЛИГА: „Кралски кам-бек“ за победа над Олимпијакос, Алба го уништи Уникс Казањ

Реал Мадрид стигна до победа над Олимпијакос од 75-67 во 24. коло од кошаркарската Евролига. Гостите од Грција може да жалат за поразот бидејќи одиграа неверојатно во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од +14 (24-38). Кралската машина проработе во третата четвртина која ја доби со тринаесет поени и пред последните десет минути успеа да намали на само минус еден (50-51).

До крајот го дотолчија противникот за конечни 75-67. Ертел со 20 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Везенков заврши со 16.

Во вториот натпревар од вечерната понуда во Евролигата, Алба Берлин го прегази Уникс Казањ со 81-53. Ло со 16 и Смит со 14 поени беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Браун заврши со 12 поени.

Се вчитува...