ЕВРОЛИГА: Монако го совлада Макаби

Монако дојде до седмата победа во Евролигата, откако вечерва го совлада тимот на Макаби Тел Авив на домашен терен со 82:76. Клучната разлика Монако ја направи во текот на вториот и третиот период од средбата.

Првата четвртина ја добија гостите со 13:15, а Монако се врати во втората и ја доби со 22:18, за предност од два поени на полувремето. Во третиот период Монако беше подобар за три поени разлика, за последната да ја добие со еден поен и да тирумфира.

Најефикасен беше Вилбекин од Макаби Тел Авив со 31 поен, но недоволно да се избегне 11-тиот пораз во Евролигата.

Се вчитува...