ЕВРОЛИГА: Монако по продолженија подобар од Жалгирис, Олимпијакос го уништи Баерн Минхен

Француски Монако потешко од очекуваното успеа да стигне до триумф на гостувањето во Каунас кај „фенерџијата“ Жалгирис со 98-107. Французите беа пред пораз, но со фуриозна игра во последната четвртина успеаја да го одведат мечот во продолженија и таму да стигнат до шестата победа сезонава во елитата.

Мајк Џејмс со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените се истакна Стрелникс со 22 поени.

Во останатите два меча од понудата, Олимпијакос стигна до убедлива победа над Баерн Минхен од 83-60, додека Зенит славеше на гостувањето во Франција кај АСВЕЛ со 61-71.

 

 

 

Се вчитува...