ЕВРОЛИГА: Монако подобар од Вилербан, Милано ја победи Алба

Денеска се одиграа два натпревари во кошаркарската Евролига во која победи остварија Монако над Лион Вилербан, и Милано на домашен терен над Алба Берлин.

Монако убедливо со 100-75 беше подобар на гостувањето во Лион. Во текот на целиот меч Монако водеше, а разликата ја направи во втората, третата и четвртата четвртина кои ги доби со плус седум и осум.

Милано со 84-76 го совлада Алба, благодарение на одличната последна четвртина која ја добија со 24-17. Најефикасен во таборот на Милано беше Датоме со 15 поени.

Се вчитува...