Евролига: Монако славеше во Минхен, Барселона им се врати на победите

Монако стигна до осмата победа во Евролигата откако славеше на гостувањето кај Баерн во Минхен со 78-83. Мајк Џејмс беше лидер на гостите со 26 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека во спротивниот табор недоволен беше учиникот од 26 поени и 5 асистенции на Корви Волден.

Барселона им се врати на победите откако на домашен терен славеше против актуелниот шампион Ефес со 82-77. Предводник на каталонците беше Јокубаитис со 16 поени, додека прво име кај гостите со 18 поени и 4 скока беше Василије Мициќ.

Се вчитува...