ЕВРОЛИГА: Олимпија Милано со голем пресврт ја урна Барселона

Денеска се одиграа три натпревари во кошаркарската Евролига, која донесе многу возбудувања, а најмногу во Барселона, каде што екипата на Олимпија Милано оствари огромна победа над шпанскиот тим. Победата Милано ја обезбеди во последната четвртина, која ја доби со девет разлика, односно со 28:19, и така славеше голем триумф. Инаку во текот на третиот период, Барселона успеваше да дојде до предност и до десет разлика, за да тргне со седум позитива во последниот период.

А, таму Милано полека ја топеше разликата, за првпат да дојде до водство на средината на тој период, а во финишот со серија да дојде до голема предност, која беше недостижна за „Каталонците“ за конечен триумф од 73:75.

Куриќ беше најефикасен со 22 поени, додека кај Милано Родригез постигна 18 поени.

Баерн Минхен со 74:65 беше подобар од тимот на Жалгирис. „Баварците“ речиси во целиот меч беа во водство, кое го одржаа се до крајот. Во балканското дерби, Фенербахче во Истанбул славеше триумф над Олимпијакос со 94:80. Иако Грците ја добија првата четвртина, сепак, во следните три турскиот тим се разбуди, и предводен од Махмутоглу кој постигна 17 поени, дојде до пресврт и до победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...