ЕВРОЛИГА: Панатинаикос сигурен со Басконија, Валенсија го доби Монако

Кошаркарите на грчки Панатинаикос стигнаа до убедлив триумф на домашен терен над шпанска Басконија од 98-83 во натпревар од 7. коло во новата сезонава во Евролигата. Грците до победата стигнаа со одличната игра во второто полувреме, откако на пауза имаа негатива од (38-43). Бејкон и Вилијамс со по шеснаесет поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените залудни беа 20 поени на Хауард.

Во вториот натпревар од денешната програма во елитното натпреварување Валенсија на домашен терен славеше над Монако со 88-84.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...