Евролига: Шампионот лесно во Каунас, грчкото дерби за Олимпијакос, Реал влегува во серија

Актуелниот шампион на Европа, Анадолу Ефес стави крај на серијата од два порази едно по друго во Евролигата откако во 30. коло славеше на гостувањто кај Жалгирис со 71-85. До победа турскиот состав го предводеше Василије Мициќ со 20 поени и 7 асистенции, додека 22 поени и 7 скока за домаќините постигна Каванот.

Олимпијакос славеше со 101-73 над Панатинаикос во вечното грчко дерби. Алекснадар Везенков беше лидер на домаќините со 16 поени и 5 скока, додека Макон беше лидер на гостите со 23 поени.

Реал Мадрид влезе во победничка низа откако славеше на домашен терен против Асвел со 70-58. Фернандез беше лидер на „кралскиот клуб“ со 17 поени и 5 скока, додека Џоунс со 17 поени и 5 скока беше лидер на гостите од Франција.

Се вчитува...