Евролига: Шилдс застана на патот на актуелниот шампион (ВИДЕО)

Милано успеа да го одбрани домашниот терен од Ефес во вториот натпревар од четвртфиналната серија откако славеше со 73-66. Во изедначениот натпревар турскиот тим немаше одговор за расположениот Шилдс кој одигра перфеткно во завршницата за важна победа пред продолжување на серијата во Истанбул.

Шавон Шилдс броеше до 21 поен, а додаде и 8 скока и 2 асистенции. Гостите од Турција ги предводеа Шејн Ларкин со 19 поени, а Василије Мициќ додаде 18 поени, 5 скока и 4 асистенции.

Се вчитува...