Евролига: Шпанската битка за Барселона, Ефес победува и кога Мициќ игра слабо

Европскиот првак Анадолу Ефес забележа уште една победа во Евролигата, славејќи на гостувањето против Виртус Болоња со резултат 80-85. Триумфот е уште позначаен ако се земе во предвид очајното издание на најдобриот кошаркар на Ефес, Василије Мициќ, кој целосно потфрли со дури осум загубени топки (неколку од нив во последните минути од мечот) и 12 поени со шут за тројка 2/8.

Ефес имаше двоцифрена предност, но Болоња предводена од Ифе Лундберг успеа да се врати и да се приближи на само еден поен негатива. Клајбурн постигна тројка во клучните моменти, а Болоња на крајот имаше шут за израмнување при 80-83 по грешката (пет секунди) на Мициќ, што домаќините не го искористија, па Ефес ја забележа и третата победа во низа.

Барселона дури во четвртата четвртина го скрши отпорот на Басконија и триумфираше во шпанската битка со двоцифрени 96-84. Кори Хигинс беше херојот постигнувајќи клучни поени кога резултатот се кршеше, а најефикасни во таборот на Барса беа Весели со 18 и Хигинс со 17 поени.

Панатинаикос за првпат сезонава врза две победи во Евролигата, декласирајќи го составот на Асвел со убедливи 78-59. Бејкон постигна рекордни за него во кариерата 25 поени на еден евролигашки меч, додека Понитка беше одличен со 10 поени, 5 скокови и 7 асистенции.

Монако по голема борба го совлада составот на Баерн со 80-79, меч на кој најефикасни беа Обст од Баерн со 18 и Окобо од победничкиот тим со 16 поени.

Се вчитува...