Eвролига: Црвена Звезда го одбрани Белград од Басконија, турското дерби за Ефес

Црвена Звезда стигна до деветата победа во Евролигата откако на домашен терен славеше над Басконија со 86-83. Српскиот состав го предводеше Лука Митровиќ со 18 поени и 5 скока, додека Фонсекио беше прво име кај гостите со 19 поени и 8 скока.

Турското дерби повторно му припадна на Ефес кој славеше против Фенербахче со 84-79. Василије Мициќ беше лидер на актуелниот шампион на Европа со 24 поени, додека 19 поени и 7 скока за гостите постигна Пиер.

До нова победа стигна и Алба која во Берлин го доби Жалгирис со 82-74. Тиман беше лидер на Германците со 17 поени и 3 скока, додека 18 поени и 6 скока за гостите постигна Кавенот.

Се вчитува...