ЕВРОЛИГА: Црвена Звезда го совлада „ранетиот“ Анадолу Ефес, голем триумф и за Макаби

Кошаркарите на Црвена Звезда конечно победија во Евролигата откако на домашен терен славеа над актуелниот шампион Анадолу Ефес со 94-75. Турците во Белград беа без услугите на своите двајца најдобри кошаркари Василије Мициќ и Шејн Ларкин.

Клучната разлика „црвено-белите“ ја направија во последниот период во кој одиграа неверојатно и на крајот стигнаа до конечен триумф од 94-75. Факундо Кампацо со 22 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Буаба постигна 16.

До голема победата во борбата за топ 8 стигна и израелската гордост Макаби Тел Авив кој на домашен терен го совлада фаворизираниот Фенербахче со 78-74. Лоренцо Браун со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Хејс заврши со 16.

 

Се вчитува...