Евролига: „Црвено-белиот“ дуел во Белград за Црвена Звезда, УНИКС им се врати на победите

Црвена Звезда стигна до шестата победа во Евролигата откако на домашен терен славеше над Олимпијакос во „црвено-белото“ дерби со 81-76. Предводник на српскиот состав беше Никола Калиниќ со 25 поени и 6 асистенции, додека за гостите Тајлер Дорси уфрли 18 поени.

На победите им се врати и Уникс кој славеше на гостувањето во Израел против Макаби Тел Авив со 74-85. Лоренцо Браун беше првото име на мечот со 26 поени, 6 скока и 6 асистенции, додека Вилбекин беше најрасположен кај гостите со 18 поени, 5 скока и 4 асистенции.

Во останатите натпревари Фенербахче го доби гостувањето во Русија против Зенит со 80-86, Баерн Минхен го одбрани домашниот терен од Ефес со 83-71, а Басконија беше убедлива во Шпанија против АСВЕЛ со 91-66.

Се вчитува...