ЕВРОЛИГА: Важна победа на Монако над Уникс Казањ

Кошаркарите на Монако стигнаа до важна победа во борбата за место во плеј-офот во Евролигата, откако вечерва на домашен терен славеа над еден од главните ривали, рускиот Уникс Казањ со 79-76.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме во кое цело време го контролираа резултатот, а на пауза заминаа со предност од плус осум (44-36). Во вториот дел гостите пружија поголем отпор. Успеаја целосно да се вратат во мечот и да го внесат во неизвесна завршница. Сепак, немаа сила за целосен пресврт, па на крајот победата остана во кнежевството.

Мајк Џејмс со 25 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Марио Хезоња заврши со 20.

 

Се вчитува...