Евролига: Зенит ја прегази Барселона – ќе се игра „мајсторка“ за Ф4

Кошаркарите на Зенит со денешната победа од 74-61 над Барселона на домашен терен успеаја да ја изедначат четвртфиналната серија на 2-2 и да осигураат петти натпревар во кој ќе биде одлучен патникот на „Фајнл 4“ турнирот на Евролигата.

Домаќинтие беа расположени од самиот старт на мечот во кој блеснаа во нападот при што првите десет минути завршија со предност од +12 (25-13) за рускиот состав. Барселона одигра далеку подобро во одбраната во втората четвртина, но не успеа и да ја намали двоцифрената негатива (36-26) на полувремето. Второто полувреме не донесе промена на паркетот, Зенит предводен од преполната сала продолжи да доминира на паркетот и стигна до препосакуваната победа.

Предводник на Зенит со 22 поени и 8 асистенции беше Кевин Пангос, додека него го следеше Појтрес со 12 поени и 5 скока. Ник Калатес беше првото име кај гостите со 19 поени и 5 скока, Кори Хигинс додаде 13 поени и 4 асистенции.

„Мајсторката“ која одличува за директниот патник во Келн ќе биде одиграна во вторник.

Се вчитува...