Евролигашот уште посилен: Монеке е нов кошаркар на Монако

Американскиот кошаркар Чима Монеке од денеска и официјално е нов кошаркар на Монако. 27-годишникот во редовите на евролигашот доаѓа од НБА лигата по ангажманот со Сакраменто и се очекува да биде од големо засилување за тимот предводен од српскиот стратег Саша Обрадовиќ.

Монеке се поврзуваше со трансфер во Партизан, но белградскиот состав никогаш не бил реална опција за крилниот центар.

Се вчитува...