Евролигашот Зенит се засили со кошаркар кој доаѓа од Грција

Американскиот бек Тајсон Картер ќе биде ново засилување на рускиот евролигаш Зенит Санкт Петерсбург со кого ќе потпише повеќегодишен договор.

23-годишникот во Русија доаѓа од редовите на грчкиот Лаврио, а сезонава бележеше по 15,9 поени и 2,8 асистенции во просек по натпревар.

„Подготвен сум за следниот предизвик. Напорно работам и мислам дека можам да се прилагодам на се. За мене кошарката е најважното нешто во животот“, изјави Картер. 

 

Се вчитува...