Евролигата удри на Ц.Звезда и Партизан: Ќе мораат без навивачи поради инцидентите!

Евролигата донесе строги дисциплински мерки против Црвена звезда и Партизан по инцидентите на „вечното дерби“, дополнително комплицирајќи ја ситуацијата за двата клуба на крајот од сезоната.

Ц. Звезда ќе мора да го игра следниот натпревар во елитното натпреварување со намален капацитет на салата, поточно со пополнетост од само 80%, што вклучува и затворање на одредени сектори.

Дополнително, клубот е казнет и со 50.000 евра!

Оваа одлука доаѓа во најлош можен момент, бидејќи Звезда би можела да игра клучен натпревар во плеј-инот или плеј-офот без целосна поддршка од своите навивачи.

Од друга страна, ниту Партизан не помина без санкции. Црно-белите беа казнети со 38.000 евра, но и со дополнителна мерка што ќе ги погоди на гостински терен. Поточно, следниот натпревар ќе се игра без присуство на своите навивачи.

Евролигата дополнително ја казни Црвена Звезда со 10.000 евра за користење ласерски покажувачи на натпреварот против Париз, со што вкупната казна за црвено-белите е уште поголема.

Се вчитува...