Евролигата удри по џебот на најбогатите

Во пресрет на последното коло од регуларниот дел од Евролигата, раководството на ова елитно натпреварување изрече драконски казни за непочитување на правилата околу начинот на финансиско функционирање на клубовите.

Од 2024 години се воведени неколку значајни правила околу селари кап (максимално дозволен буџет за плати) и начини на финансирање на клубовите, нешто што дел од нив, особено оние најбогатите, го игнорираа, но сега ќе мораат да платат значителни суми како казни.

Панатинаикос го надмина селари-капот за 6,185 милиони евра, поради што „зелените“ од Атина ќе треба да издвојат 3.065.000 евра како казна до Евролигата.

Олимпијакос ќе плати „само“ 300.000 евра, бидејќи „црвено-белите“ од Атина го имаат надминато селари-капот за 600.000 евра за оваа сезона. Меѓу оние кои се казнети за истиот прекршок е и Анадолу Ефес, кој ќе плати 1,07 милиони евра, поради минувањето на пропишаната граница за дури 1,8 милиони евра.

Посебен случај е Хапоел Тел Авив, кој ќе мора да плати 4,8 милиони евра од кои 2,8 милиони евра се однесуваат на надминувањето на селари-капот, а два милиони евра се казна што на Хапоел му е изречена откако е утврдено дека клубот го надминал дозволениот процент на буџетот.

Како што е наведено, парите од казните, вкупно 9,235 милиони евра ќе бидат распределени меѓу останатите клубови од Евролигата.

Се вчитува...