Евролигата возврати: Химки да ги научи правилата

Евролигата целосно застана во одбрана на официјалните лица по случувањата во финишот од дуелот Химки – ЦСКА Москва, кога на домаќините им беше запрен напад за победа. Химки испрати жалба и барање за објаснување на одлуката, по што челниците на Евролигата со официјално соопштение јасно ставија до знаење дека рускиот клуб вината треба да ја бара во сопствените редови.

„По анализата на извештаите и сите видео-снимки од натпреварот, можеме да потврдиме дека Тајлер Ханикат од Химки побара замена на 20,7 секунди до крајот. Ова барање не беше откажано, па звучниот сигнал коректно беше пуштен при првата наредна можност за замена, на 5,1 секунди до крајот. Поради буката во салата судиите не го слушнаа сигналот веднаш, а задолженото лице за семафорот не било свесно за замената, па пуштило времето да тече. Штом му било дадено до знаење дека била побарана замена, официјалните лица сосема оправдано ја прекинале акцијата. Домашниот тим потоа одби да направи замена и тргна во напад“ – објаснија од Евролигата.

Притоа, беше испратено и важно предупредување до Химки:

„Треба да се познаваат правилата, па потсетете ги вашите кошаркари дека кога ќе сакаат, можат да ја поништат побараната замена. Потсетете ги тренерите дека само самите кошарккари можат да побараат или да откажат замена. Погрижете се звучните сигнали во салата да се адекватно наместени за натпревари со голем број на гледачи“ – порачаа челниците на елитното европско кошаркарско натпреварување.

Се вчитува...