Ракометарите на Фуксе Берлин се првите финалисти на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампиони откако денеска во првото полуфинале во „Ланксес арената“ во Келн славеа над актуелниот шампион Магдебург со 35-40.
Натпреварот почна фуриозно, а во целата таа игра подобро се снајде Фуксе Берлин кој на пауза имаше позитива од 17-19. Во вториот дел актуелниот европски шампион заиграа подобро.
Успеа да се врати целосно во натпреварот па во 48. минута стигна и до првото водство послед долго време 32-31. Сепак, тоа беше се што направи актуелниот шампион па Фуксе Берлин со фуриозен финиш стигна до триумф од 35-40 и ново финале во елитата. Матијас Гидсел со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Омари Инги Магнусон постигна девет гола.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Барселона и Алборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
