Европска кошаркарска недела на Специјална олимпијада утре во салата на КК Вардар

Утре од 9 до 15 часот во салата на КК Вардар (под Кале) ќе се одржи кошаркарски турнир, Европска кошаркарска недела на Специјална олимпијада, настан  организиран од страна на Специјална олимпијада Македонија, а е во соработка со Кошаркарската Федерација на Македонија.

Турнирот опфаќа натпреварувања во традиционална кошарка, јунифајд кошарка и 3 х 3 баскет.

14. Европска кошаркарска недела ќе се одржи во 35 земји обединувајќи повеќе од 19 000 атлети, лица со интелектуална попреченост, членови на Специјална олимпијада. Случувањето е помогнато од 25 кошаркарски федерации и 60 професионални кошаркарски клубови кои овозможуваат Европската кошаркарска недела да биде традиционален настан за лицата со интелектуална попреченост.

Како дел од предвидените активности во рамките на Европската кошаркарска недела, Јунифајд тимот на Специјална олимпијада Македонија ќе биде гостин на машката сениорска репрезетација на Македонија која во циклусот на подготвителни натпревари ќе одигра пријателски натпревар со репрезентцијата на Швајцарија. Мечот меѓу Макеоднија и Швајцарија ќе се одржи на  26.11.2017 (недела), во 20:30 часот во С.Р.Ц. Јане Сандански.

Заокружувањето на  активностите на Европската кошаркарска недела е на 03.12.2017 со семинар семинар и демо тренинг за Мини Баскет, во Конгресната сала на С.Ц. Борис Трајковски со почеток од 11:00 часот, кој ќе има за цел да го доближи овој концепт на кошарка до оние кои имаат визија за инклузивно спортување. Поканети се сите тренери кои гледаат можност за развој на своите кошаркарски програми да бидат дел од семинарот.

Европската кошаркарска недела на Специјална Олимпијада е поддржана од ФИБА Европа и Евролига и преку нивната One team програма од 24.11 до 03.12.2017 има за цел зголемување на можностите за спортување на лицата со интелектуална попреченост со што ќе се влијае врз квалитетот на нивниот живот и ќе се промовираат почитувањето, прифаќањето и инклузијата.

Се вчитува...