Европска промоција на монографијата за македонското карате

По повод јубилејот 50 години карате во РМ, Македонската Традиционална Карате Федерација во соработка со Европската Традиционална Карате Федерација (ЕТКФ) и федерацијата на Австрија, организира европска промоција на монографијата за македонското карате „Половина век исполнет со успеси” во Виена.

На оваа промоција се присутни претседателите и секретарите на европските карате федерации. Покрај промоцијата, ќе се одржи и карате семинар под водство на авторите на монографијата Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви. Ова секако е уште еден голем чекор во промоцијата на македонското традиционално карате во меѓународни рамки.

Се вчитува...