Европската круна на Русија падна во Љубљана, Словенија во полуфинале против Полска

Европа ќе добие нов одбојкарски владетел откако селекцијата на Словенија ја елиминираше Русија во четвртфиналето на актуелното Европско првенство. Ко-домаќинот славеше со 3-1 во сетови и обезбеди полуфинален пласман каде што ќе се бори со актуелниот светски шампион Полска во „Стожице“.

Русија единствено успеа да го добие третот сет со 25-21 и да намали на 2-1 откако Словенците имаа 2-0 по добиените прв и втор сет со 25-23 и со 25-22. Во четвртиот сет Словенија беше подобра со 25-21 и комплетно им се одмазди на Русите за поразот од 3-0 во групната фаза. За Словенците ова е второ полуфинале на европските првенства.

Претходно Полска ја победи со 3-0 во сетови славеше над селекцијата на Германија. 25-19,25-21 и 25-18 по сетови славеа Полјаците за место во полуфиналето на патот кон обединување на светската и на европската титула.

Утре ќе биде формирана и втората полуфинална двојка откако ќе биде одиграта другата половина од четвртфиналните дуели во кои се среќаваат Франција и Италија и Србија и Украина.

Се вчитува...