Европската медалистка Андреа Нисева во иднина ќе настапува за Македонија!

Носителката на бронзен медал од Европското првенство во борење 2023 во слободен стил Андреа Нисева во иднина ќе се бори за Македонија!

Денеска во просториите на МОК претседателот, Даниел Димевски имаше средбасо Андреа, нејзиниот татко и нејзиниот тренер, на која и официјално е договорено младата перспективна борачка во иднина да го носи македонскиот дрес.

Андреа Нисева на Европското првенство ги победи Турчинката Сезин Дикичи, Русинката Полина Посохова и полската борачка Јулија Гибалска, а загуби само од Грузијката Миранда Капанадзе, со што го свои бронзениот медал настапувајќи за бугарската репрезентација во борење.

„Имајќи ги во предвид нашите долгорочни олимписки планови и програми, посебно Олимписките игри Лос Анѓелес 2028, силно верувам и цврсто сум убеден дека Андреа е идна македонска спортска гордост и иден носител на многу медали од Европски и Светски првенства, но и Олимписки игри“ – изјави претседателот на МОК, Даниел Димевски.

Се вчитува...