„Европскиот фудбал ќе се врати во средината од мај“

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас најавува дека натпреварувањата во топ петте најсилни фудбалски лиги во Европа ќе продолжат во средината од мај. Одложувањето на ЕУРО 2020 според него ќе им овозможи да ги комплетираат шампионатите. Сите првенства во најсилните лиги, но и во остатокот од контиентот со исклучок на Белорусија се комплетно запрени.

„Има многу погодени домашни шампионати и Куп-натпреварувања. Мора да се координираме и да направиме распоред и за националните и за интернацоналните натпреварувања. Во средината од мај би требло да ги продолжиме европските натпревари. Ако дозволуваа условите ќе продолжиме. Мора да работиме заедно“ – вели Тебас.

Во четвртокот, англискиот и шкотскиот фудбал ја продолжија суспензијата до 30 април. Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека сезоната може да биде суспендирана на неодредено време, Најцрни најави доаѓаат од Германија околу Бундеслигата за која се вели дека нема воопшто да продолжи. Италија и Шпанија планираат да ги завршат натпреварувањата.

Се вчитува...