Европскиот првак „изгоре“ во пеколот во Атина: Олимпијакос прв во финале на Евролигата

Немаше ниту „н“ од неизвесност на првиот полуфинален натпревар од Евролигата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче. Грчкиот тим амксимално го искористи домашниот терен, пеколната атмосфера да слави 79-61 во битката со својот ривал.

Уште од стартот на натпреварот Олимпијакос дојде до солидна предност, не дозволувајќи му на противникот во ниту еден момент да ја загрози победата. Носени од својата публика, „црвено-белите“ одиграа одлична партија, се пласираа во финалето каде ќе го чекаат подобриот од дуелот Реал Мадрид – Валенсија.

И добро помина Фенербахче, ако се има во предвид дека Олимпијакос веднаш тргна со серија од 12-0. Во еден миг Грците имаа предност и од 20 разлика во третиот период, но Олимпијакос стигна и до -9 на крајот од третиот период, меѓутоа снема сила за голем пресврт и нешто повеќе.

Питерс од Олимпијакос беше прогласен за играч на мечот со 17 поени, исто толку уфрли и Тарик Биберовиќ од Фенербахче.

Се вчитува...