Европскиот првак шокиран од Валенсија, Жалгирис се „потеше“ до крај, Фенер без проблеми

Анадолу Ефес е поразен на домашен терен од аутсајдерот Валенсија во третото коло од Евролигата. Турскиот тим на крајот загуби со еден разлика, а Шпанците триумфираа со поен од слободно фрлање пред самиот крај со 91-92. Европскиот првак има старт со два порази од три меча, иако вечерва го имаа расположен Мициќ кој постигна 22 поени. Во таборот на Валенсија најефикасен беше Дублјевиќ со 20 поени.

Жалгирис имаше проблеми, но пред самиот крај успеа да триумфира над Виртус со 68-65. Првата четвртина им припадна на гостите, кои имаа водство и на полувремето, но благодарение на добрата игра во вториот дел, направија пресврт и на крајот славеа триумф. Најефикасен беше Вимс со 15 поени.

Фенербахче немаше проблеми во дуелот со Лион Вилербан, славејќи на крајот 84-63. Речиси во целиот меч турскиот тим имаше предност, која ја одржуваше се до крајот. Малото опуштање во финишот ја намали разликата. Едвардс беше најефикасен со 19 поени.

Се вчитува...