Европскиот шампион добива хрватско засилување

Анадолу Ефес во Белград ја продолжи доминацијата во Евролигата, а истата ќе се обиде да ја задржи и следната сезона со хрватско засилување. Имено, како што пренесува Еврохупс, Анте Тони Жижиќ од следната сезона ќе го чува рекетот на истанбулскиот тим.

Дваесетипетгодишниот Хрват треба да потпише договор на „една плус една“ година, но со опција на клубот да го раскине договорот следното лето. Центарот кој оваа сезона ја помина во Макаби во просек бележеше 12.2 поени и 5.0 скокови за нешто повеќе од 21 минута помината на паркетот.

Жижиќ кариерата ја започна во хрватското првенство каде ги бранеше боите на Каштела, Горица и Цибона, а на интеренационалната заигра за Дарушафака пред да премине во Кливленд и НБА лигата. Откако не се снајде најдобро „преку барата“ се врати во Евролигата во 2020 година.

Се вчитува...