Одбојкарската репрезентација на Полска е првиот финалист на Европското првенство кое се одржува во Италија, Бугарија, Финска и Романија.
Полјаците кои се актуелни европски шампиони, во првото полуфинале со 3:0 во сетови и тоа со 25:23,25:23,25:18 ја совладаа Словенија.
Овој дуел воедно преставуваше реприза од полуфиналето од последното ЕП, и пред три години Полска славеше со 3:1 во сетови.
Во првиот сет, иако заврши 25:23, Полска имаше целосна контрола врз резултатот, Словенија поведе само со 1:0, а потоа постојано го бркаше резултатот. Полјаците ја искористија втората сет топка и поведоа до 1:0.
Во вториот сет, пак, словенечките одбојкари ниту еднаш не беа во водство, но до самиот крај се бореа. При резултат 21:21, Полска освои два поени по ред за предност која се покаж одлучувачка за освојување на сетот.
Во третиот сет, Полјаците покажаа зошто се најдобра репрезентација на светот. Брзо се созедоа по негативата од 7:11, а последното израмнување беше при 14:14 по што Полска со серија од три поени во низа, дојде до 17:14 по што рутински го приведе сетот, а воедно и мечот до крајот.
Полска во неделното финале ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Франција и Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
