По гласањето организирано од Европската ракометна федерација, најдобар завршен турнир во Лигата на шампионите според европските ракометни фанови е оној минатогодишниот во кој Вардар стигна до европската круна.
Во изборот меѓу 16 досега одржани Ф4-турнири, убедливо број еден е избран минатогодишниот во кој Вардар најпрво во полуфиналето со неверојатен пресврт славеше против Барселона, а потоа во финалето го победи и големиот фаворит Веспрем.
Според европските навивачи токму финалните натпревари на завршницата од Лигата на шампионите во кои игра Вардар се и најинтересните во историјата на европскиот клупски ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА