Езгјан Алиоски по седум години се враќа во Швајцарија?

Македонскиот репрезентатиец Езгјан Алиоски во јануарскиот преоден рок сигурно ќе има нов клуб. Според швајцарските медиуми, голема е веројатноста да се врати во Швајцарија.

Алиоски во моментов е дел од Ал-Ахли, со кој има договор уште две години, но одамна не е во плановите на овој клуб, и токму од тука ќе се обиде да најде клуб каде што ќе добива поголема минутажа.

Тоа ќе биде враќање на Алиоски после седум години, откако настапуваше за Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.

„Се е отворено, зошто да не? Имам многу заедничко со Швајцарија. Иако сум среќен во Саудиска Арабија и имам валиден договор, сепак, во фудбалот работите се движат многу брзо и никогаш не се знае што ќе се случува“, рече Алиоски, пренесува швајцарски „Спорт“. 

Се вчитува...