Фановите на Работнички „избегаа“ пред да заврши понижувањето

Катастрофата што го снајде Работнички на воведниот натпревар од финалната серија со МЗТ Скопје Аеродром беше премногу за неговите навивачи. Затоа тие на четири минути пред крајот, кога резултатот беше 69-41 си заминаа од „Јане Сандански“. Не останаа до крајот и не го догледаа понижувањето бидејќи МЗТ направи и поголема разлика.

Ова е еден од највисоките порази на Работнички кој не успеа да постигне ниту 50 поени на гостувањето кај големиот ривал.

 

Се вчитува...