Ф1 го добива наследникот на легендарниот Михаел, Алфа Ромео пред потпис со Мик Шумахер

Познатиот новинар Петер Виндзор најави дека Мик Шумахер е се’ поблиску до преселба во Алфа Ромео следната сезона. Синот на легендарниот Миахел Шумахер, веќе неколку години е следен од големите автомобилски тимови, а сите се согласуваат дека неговиот квалитет и потенцијал се оргомни.

Виндзор ги израдува фановите на Ф1, откако изјави дека Мик Шумахер ќе потпише за тимот на Алфа Ромео.

„Како и што се најави пред неколку недели. Тото Волф постигна договор со својот пријател Фредерик Васер за да потпише со Валтери Ботас. Со тоа целосно се отвори патот на Џорџ Расел во Мерцедес. Втората пилотска позиција во Алфа Ромео веројатно ќе биде резервирана за Мик Шумахер“, објави Виндзор.

Инаку, оваа сезона Мик Шумахер вози за тимот на Хас.

Се вчитува...