Ф1 испиша нова страница од историјата: Најпрестижниот авто-мото спорт го доби првиот кинески возач

Гуанју Жу влезе во историјата на Ф1, откако се договори да вози за тимот на Алфа Ромео. Тој ќе биде тимски колега на Валтери Ботас, кој го напушта Мерцедес и од 2022 година ќе вози на местото на Кими Раиконен, кој заминува во пензија.

Жу доаѓа во тимот како замена за Антонио Џовинаци. Оваа сезона Жу се натпреварува во Формула 2 и е во конкуренција за шампионската титула. Во меѓувреме имаше тестови со тимот на Алпин, а неговите резултати беа доволен сигнал за Алфа Ромео да му даде шанса во најбрзата и најпрестижната серија.

„Од дете сонувам да се искачам највисоко што можам во спортот што го сакам и сега мојот сон се исполни. Навистина ми е голема привилегија да ја почнам мојата кариера во Формула 1 во еден легендарен тим, кој во минатото има промовирано многу млади таленти. Сега мојот сон е реалност“, изјави Кинезот.

Се вчитува...