Ф1 ќе влезе во правна битка за новото лого

Формула 1 е пред правна битка во претстојниов месец која би можела да заврши со забрана за новото лого. Ф1 го промени официјалното лого првпат по 23 години. Новото се појави на трката во Абу Даби минатата година. Идејата беше новиот сопственик, американскиот инвестициски фонд, „Liberty Media“ да стави свое ново обележје за овој спорт.

Но, веднаш по објавувањето, новото лого предизвика бура од рекции бидејќи многу наликува на обележјето кое што веќе е регистрирано од друга компанија „3M“, која се занимава со сосема друг бизнис.

Во мај годинава, оваа компанија вложила жалба, а европското тело за заштита на интелекуталната сопственост ја информирала Ф1 дека приговорот е прифатен поради правилото за претходна регистрација.

Постапката би требало да почне на крајот од август.

Спред документите, „3М“ го регистрирала логото во јуни минатата година што ја става во поповолна позиција, бидејќи Ф1 аплицирала за новото лого дури во ноември.

 

Се вчитува...