Ф4 Келн: Храбриот Вардар и пркоси на каталонската кралица

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Со најмногу учества на Ф4 турнирите, со бројни трофеи во Лигата на шампионите, со два пехара од Келн и со одлична сезона во елитното натпреварување, Барселона сепак стравува од пркосот и од инаетот на Вардар. „Црвено-црните“ ги урнаа си предвидувања и очекувања, одеа „против ветрот“ и направија подвиг. Трета година по ред се во Келн, како и во историската шампионска сезона, вардарци се соочуваат со каталонскиот предизвик.

„Игравме многу добра сезона, ситуацијата не беше многу добра. Работевме секој ден, играчите беа одлични и затоа сме тука. Имаме многу добри играчи, играме добро во напад, а сега сме и многу добри во одбрана. Ние сме како екипа многу добри.  Играме како тим и затоа е многу тешко да бидеме победени. Сакаме и ќе пробаме да играме во финале“ – вели тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Иако импресивна според статистичките податоци, Барселона сепак не била на побендичкиот подиум во Келн од 2015 година во кој последен пат се качи на европскиот трон. Вардар пак има импресивни три сезони во кои одржува контиуитет. Особено е емотивен овој настап кога е веќе извесно дека црвено-црниот симбол на македонскиот спорт нема да биде во вакво издание во иднина.

„Вардар не беше меѓу фаворитите на стартот од сезоната. Но, во текот на сезоната Вардар покажа многу и пред се покажа карактер.  Играат добро, ги изненадија сите. Не е лесно да се елеминира Пик Сегед. Одгираа два тешки натпревара против нив. Ова е голем момент за Вардар, тие можат да ги изненадат сите. Затоа ние мора да бидеме најдобри“ – смета предводникот на Барселона, Чави Пасквал.

Вклучувајќи го и успехот од 1991 година и титулата во Европскиот Куп на шампиони, Барселона оди по 10 трофеј. Ракометот е едиствената шанса за европски успех за семсјството Барселона со оглед дека и фудбалскиот и кошаркарскиот тим не успеаја во континеталните мисии.

Вардар двапати загуби сезонава во меѓусебните дуели, има само две победи во претходните 15 пресметки, но заоа го има историскиот тирумф од пред две сезони кога ја шокираше и Барселона, но и Европа триуфирајќи во полуфиналниот дуел.

Се вчитува...