Ф4 може да почне: Ѕвездите продефилираа со иста желба – тронот на Европа (фотогалерија)

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Хотелот „Радисон Ин“ во Келн беше центар на ракометна Европа попладнево, откако во него продефилираа ракометарите на четирите екипи учесници на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите. Откако прв кратко обраќање имаше претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, низ фоајето за време на медиа-денот први се најдоа „вардарци“ на чело со тренерот на годината, Раул Гонзалес.

Зад нив следеа Никола Карабатиќ, Омејер и останатите ѕвезди на ПСЖ, па нашите Лазаров и Борко Ристовски со асовите на Барселона, за средбата со новинарите да ја затворат ракометарите и членовите на стручниот штаб на Веспрем.

Сите максимално позитивно расположени, од прв до последен никој не ја крие амбицијата в недела навечер да се искачи на тронот на Европа, испразнет по прераната елиминација на Кјелце.

[new_royalslider id=”666″]

Се вчитува...