ФА куп: Ливерпул со „мешан“ тим до триумф на Шрусбери, победи и на Тотенхем, Вест Хем и Вулвс (ВИДЕО)

Ливерпул со еден комбиниран тим успеа да слави против Шрусбери со 4-1 во првиот натпревар сезонава за „црвените“ во ФА купот. Гостите подобро го отворија натпреварот и со голот на Удхо во 27. минута поведоа со 0-1.

Сепак, домаќините многу брзо направија пресврт со головите на Гордон во 34. и Фабињо од пенал во 44. минута веќе на полувреме стигнаа до водство од 2-1. На 3-1 зголеми Фирмино во 78. минута, додека конечните 4-1 ги постави Фабињо во 93. минута.

Тотенхем исто по пресврт стигна обезбеди учество во шеснаесетина финале откако славеше со 3-1 против Морекамб. Пласман понатаму обезбедија и Вест Хем кој беше подобар од Лидс со 2-0 и Вулверхемптон кој славеше над Шефилд со 3-0.

 

 

 

Се вчитува...