Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, по враќањето на домашниот врв, од ова лето започнува целосно нова ера во своето работење. По заминувањето на трофејниот стратег Гоце Седлоски, кој целосно ќе се посвети на обврските во националниот тим, „црвено-црните“ официјално преминуваат под аргентинска палка. Нов шеф на стручниот штаб е Кристијан Фабиани, поранешен аргентински фудбалер со богата кариера, кој како млад и амбициозен тренер ќе го предводи скопскиот состав.
Само неколку дена по промоцијата на Фабиани, комплетиран е и неговиот тим од соработници. Помошници на аргентинскиот стратег ќе бидат Матеа Мирков и Марјан Герасимовски. За формата на чуварите на мрежата ќе се грижи искусниот Методија Велковски, додека Метин Далип ќе биде задолжен за кондицијата и физичката подготовка на фудбалерите.
Фудбалерите на Вардар се на одмор уште една седмица. Веднаш по завршувањето на првата недела од јуни, новиот стручен штаб ќе го означи стартот на подготовките наменети за претстојните предизвици во квалификациите во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
